ВИДЕО: Српскиот министер за транспорт имаше напад на слепо црево, итно е опериран во Ужице

Од:

На српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ денес му се слоши на градилиште, по што итно беше опериран во болницата во Ужице.

Момировиќ имал напад на слепо црево, кое било пред пукање, а околу 14 часот бил примен на хируршкото одделение на болницата во Ужице, по што е итно опериран и сега закрепнува.

За време на обиколката на работите, Момировиќ беше видно блед, што може да се види и на снимката што ја направи локалната Телевизија Пожега.

Министерот се пожалил на неподносливи болки во пределот на стомакот и слабост, но не ги прекина работните обврски, туку ја продолжи посетата на регионот.

Момировиќ денеска беше во посета на работите на тунелот Лаз, на трасата на идниот автопат од Прељина до Пожега.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он