Србите незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички веќе седми ден протестираат на северот на Косово кај премините Јариње и Брњак.
Неколку авиони на војската на Србија денеска во неколку наврати повторно ги надлетуваа административните премини. Претходно и хеликоптер на КФОР леташе над просторот во близина на Јариње.
На позициите остануваа и специјалните сили на косовската полиција.