Специјални единици на српската полиција ноќеска нападнаa мирни демонстранти во Пионирскиот парк во Белград.
Policija tuče građane koji sede na klupi. Represija trulog režima.
Posted by Boris Malagurski on Вторник, 07 јули 2020
Телевизијата „Н1“ сними дел од полициската бруталност која се случувала вчера во Белград.
Тројца млади луѓе мирно седат на клупа, а кога гледаат дека полицајци агресивно им се доближуваат со палки, веднаш со рацете ги покриваат главите и не возвраќаат на полициската агресија.
По полицајците со палки, доаѓа и засилување со полициски кучиња, додека младите луѓе кои седеа на клупата веќе се соборени на земја и се виткаат од болка.
Граѓаните кои го забележале инцидентот веднаш дотрчале да ги одбранат младите луѓе и да ги смират разбеснетите полицајци, но тие и нив почнале да ги удираат со палките.
„Н1“ објави и видео од расплакан демонстрант кој вели дека неговиот татко почина од коронавирус бидејќи во болницата немало респиратор.
“Ćale, ovo je za tebe!”
Posted by Boris Malagurski on Вторник, 07 јули 2020
„Солзавец, боева муниција, пендреци, се против голите раце на младината. Тато многу те сакам, ова е за тебе. Ти умре, а немаше респиратор во официјалниот извештај“, вели низ солзи демонтрантот, а на прашањето од што починал неговиот татко, тој одговара „Затоа што немаше респиратор. И ден денес немам добиено тестови дека починал од корона. Значи немало респиратор во Земунската болница, значи официјален извештај, а ние насекаде раскажувавме дека подаруваме респиратори“, вели човекот.
People in #Belgrade #Serbia are protesting the reintroduction of measures to handle of the virus.
Violent clashes with the police in front of Parliament and TV station#Beograd #COVIDー19 pic.twitter.com/m5MgbpSQtr
— Luka Duvnjak (@Luka_Duvnjak) July 7, 2020
Вчерашниот протест во Белград беше организиран поради можниот полициски час и мерките кои ги најави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Српската јавност особено го коментира видеото на кое се гледа дека и свештено лице се вклучило на протестите.
Мажот кој е облечен во мантија трча за да одбрани нападнат демонстрант.
Ovako treba da izgleda svešteno lice!
Brani svoj narod!
Bravo, ovakvi heroji nam trebaju!#protest #protesti #beograd #Skupstina pic.twitter.com/x7VmCMVDbX— Talichni Tomm ?️ (@Talichni) July 8, 2020
Во Србија за протестот единствено известуваше телевизијата „Н1“, а граѓаните за протестот можеа да дознаат и од социјалните медиуми.
Српската национална телевизија „РТС“ за време на протестот емитуваше забавна програма.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, преку писмена изјава за протестот ја обвини опозицијата.
Младинската иницијатива за човекови права денеска побара од Министертството за внатрешни работи на Србија и Заштитникот на граѓаните, веднаш да покренат независна истрага за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата на протестите во Белград.
Во вчерашните протести повредени беа 43 полицајци, според директорот на полицијата Владимир Ребиќ, запалени пет возила и уништена е опрема. Приведени се 24 лица.