Нема да дозволиме протерување од овие простори порачаа собраните на протестот во Северна Митровица, една од четирите оштини со мнозинско српско население на Косово. Добирот го организираше Српската листа, главната политичка партина на Србите.
На протестот зборуваа вробтени во образованието, здравоството и косовоскиот правосуеден систем порачувајќи дека нема да дозволат „кршење на основните права“. Вработените во правосудството и во поицијата порачаа дека нема веќе да бидат дел од институциите на Косово.
Небојша Арсиќ, ректор на Универзитетот во Северна Митровица, рече дека се собрале да кажат не на „кршењето на основните човекови права“ и да ги спречат косовските власти да ги одвојат од Србија.
Овој протест доаѓа еден ден откако претставниците на Србите од северот на Косово одлучија да ги напуштат сите институции на Косово, Владата, Собранието, локалната самоуправа, судството и полицијата поради одлуката на косовските власти за пререгистрација на возилата.