ВИДЕО: Со апелот на Баша за граѓанска непослушност заврши протестот на албанската опозиција

Од:

Му покажавме на балканскиот Мадуро и на целиот свет дека оваа земја има господар. Денеска Еди Рама користеше насилство врз граѓаните кои протестираа мирно. Денес немаме Собрание, а веќе немаме и Влада. За жал денес немаме ни полиција, туку една банда. Вечерва му испраќам порака дека повеќе не го признаваме не само Собранието, туку ниту криминалната полиција, а граѓанската непослушност ќе се прошири од југ кон север – порача лидерот на албанските опозициски демократи Љуљзим Баша, на крајот на денешнот протест.

Тој во претходното обраќање обвини дека премиерот Еди Рама наредил употреба на хемски средства врз насобраните граѓани, но дека тоа не го плаши бидејќи протестираат за праведна кауза.

-Рама нареди напад со хемски средства. Ние не се плашиме затоа што се бориме за праведна кауза. Се бориме за слобода, демократија, слободни и фер избори, а пред нас имаме Република на криминалот, која ќе ја срушиме од темел. Оваа земја има два патишта, да го прифати ропството на криминал и тиранија или да подигне еден глас, едно тело. Оваа битка ќе заврши со уништување на криминалот, рече Баша.

Тој ја обвини Владата дека поради страв од гневот на народот го сменила датумот на одржување на пленарната седница, посочувајќи дека „нема да има ни минута мир со Влада која и објавила војна на демократијата“.

Баша порача дека опозицијата се бори за европските вредности во Албанија и за слободни и фер избори.

-Ја започнавме оваа битка за европската судбина на земјата. Се бориме за европските вредности, за слободни и фер избори, а не за гласање диктирано од наркомафијата, поделена власт, а не за зграпчување на правдата за заштита на криминалците. Ние сме собрани затоа што знаеме дека оваа земја ги има сите можности да им даде можност на Албанците и на нивните деца слободно да си го градат својот живот. Ова земја не е сиромашна, туку разграбена, украдена. Ова е крајот на арамиите, рече Баша.

Ова е трет масовен протест на албанската опозција во последните две недели .Денешниот не беше планиран, но веднаш откако беше закажана седница на Парламентот, опозицијата успеа да собере илјадници граѓани.

Протестот почна нешто пред 17:00 часот, на моменти ескалираше состојбата, а заврши во 20:00 часот, кога по кусиот говор на Баша насобраните се разотидоа.

Следниот протест е закажан за в четврток.

Инаку, на денешната пленарна седница пратениците од владејачкото мнозинство ги прифатија оставките на 57-те пратеници од опозицијата.

 

Би можело да ве интересира

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата принудена да употреби солзавец и водени топови

А1он

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија