ВИДЕО: Снимка од превртениот српски автобус во кој 55 патници патуваа од Белград до Будимпешта

Од:

Ниту еден од патниците кои се наоѓале во полниот автобус од Србија кој се преврте во саботата наутро во Унгарија не настрада, а повеќето од нив го продолжиле патот кон дома. Несреќата се случила околу 5 часот и 30 минути, а во возилото, кое од засега непознати причини излетало на страна од патот и се превртело, имало претежно патници од Белград и Нови Сад.

Несреќата се случила на автопатот 53 кога се превртел автобус со регистрација на Сомбор со туристи. Во возилото имало 55 патници и двајца возачи. Меѓу повредените има и две деца. Патниците се главно од Белград и Нови Сад, од кои 33 го продолжиле патувањето, а останатите се вратиле. Н1 објави видео од местото на настанот, на кое се гледа превртениот автобус.

Српските туристи вчера тргнаа од Србија за Будимпешта, а планот беше да се вратат на 2 мај. Како точно се случила несреќата и која била причината ќе утврди истрагата на унгарската полиција.

Би можело да ве интересира

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски