ВИДЕО: Силно невреме во Словенија: силниот ветер уриваше дрвја, илјадници домови останаа без струја

Од:

Поголемиот дел од Словенија денеска го зафати силно невреме, некои места останаа без струја, дрвја паднаа на улиците, а дел од нив беа затворени, пишува словенечки „Дневник“.

Силен ветер уриваше дрвја, а паѓаше и град.

На места поради последиците од невремето затворени се локални и државни патишта, а без струја останаа илјадници домаќинства.

Најсилните налети на ветерот надминаа 100 километри на час, а времето не се смири до попладневните часови.

Според досегашните податоци на Словенечкиот информативен центар, најсилното невреме било во Помурје, а за поплавени згради, бројни паднати дрвја и прекин на струја има и од Горење, Корушка, Штаерска и Приморска.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг