(ВИДЕО) Силно невреме во Далмација, дел од Сплит под вода

Од:

Далмација денеска ја зафати силно невреме, а поради обилните дождови под вода беа дел од Сплит и околните градови. Дел од сплитските улици се под вода, а целиот брег во Башка Вода е поплавен.

Невремето околу 11 часот го зафати подрачјето на Трогир и Каштела, а потоа се движело кон Чиово, Солин и Сплит. За 60 минути во областа Трогир наврнале и до 20 литри дожд на метар квадратен, додека во Сплит над 100 литри дожд на метар квадратен.

Жолто метео предупредување е издадено и за Сплит, Книн и Дубровник. Нестабилното време во Далмација ќе продолжи и утре, кога повторно ќе важи жолтото метео предупредување за овие региони, а според прогнозата на ДХМЗ би можело да врне повеќе дожд од денеска.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

ВИДЕО: Собири во Загреб и во Сплит за поддршка на српските студенти

Земјотрес во Далмација

Уапсен студент поради закана дека ќе пука на факултет, наставата е откажана

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) По концертот во Сплит, Ален Исламовиќ доби морничави закани: Песните им пречат на хрватските ветерани

Предраг Петровиќ