ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Од:

По пет месеци потрага кај Ада Хуја беше пронајден Матеј Периш од Сплит, а обдукцијата и наодите го потврдија неговиот идентитет. Сепак, агонијата на неговото семејство не е завршена.

Министерството за внатрешни работи на Србија официјално соопшти дека со ДНК анализа на телото пронајдено во Дунав, на Ада Хуја, е утврдено дека се работи за хрватскиот државјанин Матеј Периш.

@andreaperis_ jednostavno,više nikada neću otići na Beograd na vodi,niti se šetati Beton Halom,a pogotovo neću ući u klub Gotik…Matej,volimo te svi….????️ #matejperiš #tiktok #fypシ #viral #actives? #fy #active ♬ Arcade – Duncan Laurence

Неговата сестра Андреа Периш се појави на социјалната мрежа ТикТок и објави видеа од видео надзорот, кои последен пат го снимиле жив нејзиниот брат. На видеото што го објави Периш се гледа како трча и излегува од клубот на Саванова.

Таа на видеото напиша: „Едноставно никогаш повеќе нема да одам во „Белград на вода“, ниту да се шетам низ Бетон сала, а особено нема да влезам во клубот Готик.. Матеј, сите те сакаме..“

На крајот од описот, таа стави емотикон кој покажува скршено срце.

Периш исчезна ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари, а потрагата по него траеше цели пет месеци, а на крајот беше докажано дека причина за смртта е давење без знаци на насилство.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски

Резултатите од ДНК анализата на телото за кое се претпоставува дека е Матеј Периш најавени за денеска

Катерина Ѓуровски