Како што објави РТС, има многу повредени од двете страни. Се слушаат истрели и повремени детонации.
На повредените им е укажана лекарска помош во Здравствениот дом во Звечан, а оние со посериозни повреди се пренесени во болницата во Косовска Митровица.
За таа област е задолжен хеликоптерот на КФОР.
Во Лепосавиќ и Зубин Поток немаше тензии, а граѓаните се разотидоа и најавија нов собир за утре.