ВИДЕО: Се надеваат дека ќе се измориме, но нема – студентите по големиот протест во Ниш

Од:

Илјадници учесници на масовниот протест „Студентски едикт“ синоќа во 23 часот и 52 минути молчеа на централниот плоштад во Ниш, оддавајќи им почит со 15-минутно молчење на 15-те лица кои загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

Студентите и граѓаните стоеја во тишина, со вклучени батериски ламби на мобилните телефони, до седум минути по полноќ, на петтиот масовен митинг што се одржа во Србија во бранот повеќемесечни протести предизвикани од трагедијата во Нови Сад.

Со ова и формално заврши протестот кој започна во саботата во 9 часот, предводен од студенти од сите четири универзитетски центри во Србија. Студентите најавија дека до три часот наутро ќе го чистат плоштадот и околните улици каде се одржува митингот, а на ова им се придружија и жителите на Ниш.

Жителите на Ниш во петокот вечерта со овации ги пречекаа илјадниците студенти од десетици српски градови, кои пристигнаа на собирот по неколкудневно пешачење, возење велосипед и штафетен маратон. Десетици илјади луѓе се собраа на 18-часовниот митинг, а главната протестна програма во саботата вечерта го вклучи и прогласувањето на „Студентски едикт“.

Со овој документ од осум точки, студентите им порачаа на властите дека сакаат државни институции посветени на правдата и интересите на сите граѓани, праведно општество и систем кој „го цени знаењето и работата, а не послушноста и молкот“.

Името на протестот „Студентски едикт“ симболично се поврзува со Миланскиот едикт на императорот Константин Велики од 313 година од нашата ера, кој е роден во тогашниот Наис, денешен Ниш, и со својот указ ја вовел еднаквоста на религиите во Римската империја.

Протестот беше организиран на денот кога се одбележаа четири месеци од уривањето на настрешница на неодамна реновираната железничка станица во Нови Сад, кога на 1 ноември загинаа 15 лица, главно млади луѓе, а уште двајца беа повредени со трајни последици.

Оттогаш, студентите и граѓаните бараат одговорност и правда за жртвите на плоштадите и улиците низ Србија, додека владата на протестите гледа како на „обоена револуција“. Студентите го најавија следниот голем протест за 15 март во Белград и ги поканија сите нивни колеги и граѓани на Србија да им се придружат.

Би можело да ве интересира

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград