ВИДЕО: Се излеа Дунав во Унгарија, водата дојде до парламентот во Будимпешта

Од:

Во делови од Унгарија Дунав се излеа од коритата, а фотографиите објавени од светските агенции покажуваат дека водата стигнала до зградата на унгарскиот парламент во Будимпешта.

Според прогнозите, водостојот на Дунав во Будимпешта ќе го достигне својот врв за време на викендот. Се очекува да достигне висина од околу 850 сантиметри. Делови од Будимпешта утрово беа поплавени.

Поплавите што ја погодија централна Европа оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со штети што ќе да се мерат во милијарди долари, пишува агенциите.

„Поради обилните дождови и поплавите, ситуацијата е критична во цела Централна Европа“, објави унгарскиот премиер Виктор Орбан во објава на социјалната платформа Х. Според Орбан, најтешката фаза од одбраната ќе трае до следниот четврток. Врвот на поплавниот бран во Унгарија ќе трае додека бранот не стигне до Србија.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд