Грчкиот премиер Андонис Самарас опцу пред камера, што веднаш стана голем хит на сите медиуми и на социјалните мрежи во Грција, а беше емитувано и на националните телевизии.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, по неговиот прв обид да сними телевизиско обраќање за да најави намалување на данокот на додадена вредност за 10 проценти во кетеринг секторот, Самарас никако не можеше да го прочита говорот.
– Да ти е…м главата, зае…н, рече Самарас. додека беше вклучена камерата, пред да се обиде по втор пат да го прочита говорот.
Иако се работи за снимка, која можела да биде избришана, таа беше емитувана на неколку национални телевизии, меѓу кои и „Скај“.