ВИДЕО: Расте бројот на жртвите од невремето во Истанбул, мајка загина штитејќи си го синот кога падна покрив врз нив

Од:

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа, а десетици се повредени кога во понеделникот силно невреме го погоди најголемиот турски град Истанбул и околниот регион.

Две жени настрадаа во истанбулските области Есенјурт и Султангази, додека еден градежен работник загина кога врз него падна ѕид во северната провинција Зонгулдак. Едно лице загина во Кочаела додека се обидувало да го зацврсти покривот на куќата.

Настрада и една мајка додека се обидувала да го заштити својот син во Есенјурт. Двајцата наводно биле затрупани под урнатиот покрив, јави ТРТ. Жената починала на лице место, додека момчето е во болница.

Сведок опишал дека мајката во последен момент се фрлила над детето во обид да го заштити, пред бурата да го урне покривот, пренесува Дејли Сабах.

Неповолните временски услови доведоа до еднодневен прекин на наставата во вторник во 11 провинции, вклучувајќи ја и 15-милионската метропола.

Властите во понеделникот упатија апел до граѓаните на Истанбул да не излегуваат надвор освен ако тоа не е неопходно поради опасност од згради што се уриваваат и преоптоварени патишта.

Според турската метеоролошка служба, ветровите достигнале брзина од 130 километри на час во некои делови на Истанбул.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски