ВИДЕО: Расте бројот на жртви во Турција по експлозијата во фабрика за пиротехника

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени во денешната експлозија во фабриката за пиротехника во северниот дел на Турција.

Фабриката се наоѓа во предградието на градот Хендек, во провинцијата Сакарја, изјави гувернерот на Четин, Октај Калдирим за новинската агенција Анадолија.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коча, кој отиде на местото на несреќата, рече дека 97 од повредените се префрлени во болница, од кои само еден човек се наоѓа во критична состојба.

Локалните власти ги блокираа патиштата до фабриката поради мали експлозии што го отежнуваа обезбедувањето помош и гасењето на пожарот по првата експлозија, чија причина сè уште не е позната. Пожарот беше ставен под контрола неколку часа подоцна, јавија турските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски