(ВИДЕО) Расправија и тепачка на две жени во Сараево поради верата

Од:

Снимката од тепачката на две жени во трамвај во Сараево го привлече вниманието на сите медиуми во регионот, поради причината која е банална-расправијата и тепачката почнува поради верата.

-Секое утро влегува и само се крсти, зборува едната жена.

На тоа другата возвраќа дека и таа може да се клања.

-Па клањај се и ти, кој ти брани. Јас не се срамам од својата вера. Од таква напаст како што си ти само со крст можам да се одбранам, одговара таа.

Расправијата помеѓу двете жени продолжи во автобусот при што се вмеша и еден маж. Додека излегуваа од автобусот почнаа да се туркаат, при што мажот дофрли до едната “Излегувај додека не сум те исфрлил со клоца“.

Судирот на двете жени продолжи пред автобусот кога почнаа да се тепаат. Едната од нив замавна со торбата и почна да трча по другата.

Од автобусот може да се слушне дека навиваат “Удри ја, удри ја“.

Би можело да ве интересира

Дете падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево, почина во болница

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Сараево – најдепресивен град на Балканот

А1он

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Издадено е ново предупредување за невреме во Сараево: Подгответе се за најлошото