ВИДЕО: Пукање во училиште во Труција, најмалку 16 повредени

Од:

Тинејџер отворил оган во училиште, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, во југоисточната турска покраина Шанлиурфи, пред да се самоубие, изјави гувернерот Хасан Шилдак, објавија новинските агенции.

Поранешниот ученик, 19, отворил оган со пушка кон учениците и наставниците во средното училиште. Повредените биле итно префрлени во болница во округот Сиверек, рече Шилдак. Дванаесет од повредените се уште се во болница.

Мотивот за пукањето сè уште не е јасен.

Младиот човек влегол во училиштето во округот Сиверек во покраината Шанлиурфи рано утрово и отворил оган неселективно, објави новинската агенција Демирорен.

Осомничениот првично се скрил во училиштето и одбил да се предаде и покрај повиците од полицијата, се вели во извештајот, пред да се самоубие, додаде Шилдак.

Би можело да ве интересира

Приведени се 24 луѓе поврзани со водење на опозициски општини во Турција

А1он

(ВИДЕО) Страшна несреќа во Турција: Се преврте автобус со туристи, има мртви

Анкара: Агресивната политика на Израел стана глобално безбедносно прашање

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

(ВИДЕО) Драма кај Мармарис: Потона туристички брод со 148 патници, луѓето скокаа во морето

Горан Наумовски

Турската полиција со солзавец упадна во седиштето на опозицијата

А1он