(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Од:

Шест лица, меѓу кои тројца полицајци, се ранети во напад пред судот во Истанбул. Напаѓачите, маж и жена, се убиени.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на Твитер напиша дека станува збор за терористички напад.

Напаѓачите, жена и маж, според властите биле членови на левичарската милитантна група ДХКП-Ц.

Пукале во полицискиот пункт пред судот.

„Денеска беше извршен обид за терористички напад на контролниот пункт пред судот Чаглајан“, објави Јерликаја.

„Двајцата предавници – именувани како Е.Ј. и П.Б. – кои беа неутрализирани, беше откриено дека се членови на терористичката организација ДХКП/Ц објавија властите.

Министерот за правда Јилмаз Тунч рече дека обвинителите отвориле истрага за нападот.

Минатиот месец маскирани напаѓачи на Исламска држава убија едно лице во црква во Истанбул за време на неделната миса. Властите уапсија неколку лица осомничени дека се поврзани со групата или со нападот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски