ВИДЕО: Пукање на Косово, дел од премините кон Србија остануваат затворени

Од:

За рафална стрелба во село во близина на Брњак и за пукање во правец на косовската полиција јавуваа вечерва дел од српските медиуми. Според официјалните информации нема повредени.

Од косовската полиција соопштија дека на некои локации се слушало пукање, имало истрели кои биле насочени кон полициските единици, но за среќа нема повредени. Граѓаните известија и дека има случаи на апсење и малтретирање, нанесување повреди и материјална штета на возила од осомничени лица за кои постои сомнеж дека биле дел од организации кои ги блокираат премините се вели во објавата на косовската полиција.

Косовските власти затворија два премини кон Србија откако Србите поставија барикади на дел од патиштата.

Вечерва во северниот дел на Митровица повторно беа активирани сирените за тревога. Првпат ситените се огласија поладнето некаде пред 18 часот.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово