ВИДЕО: Пукање и пожар пред српскиот парламент, еден повреден и еден приведен

Од:

Пожар избувна претпладнево пред српскиот Парламент во Белград, во делот каде што се поставени шатори. Според објавите на социјалните мрежи, на пожарот му претходеле истрели кои се слушнале од еден од шаторите, но засега не е потврдено дали станува збор за огнено оружје.

Полицијата веднаш реагирала и привела едно лице. Како што јавува порталот Мондо, уапсен е 70-годишниот Владан А., под сомнение дека пукал и го ранил 57-годишниот Милан Б. Според истите информации, Владан А. по пукањето го запалил шаторот пред Собранието и потоа фрлил неколку куршуми во огнот.

Милан Б. е ранет во ногата и неговиот живот не е во опасност. Обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград излегол на местото на настанот за да изврши увид.

Пожарникарите интервенираат со три возила и пожарот е ставен под контрола. Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот во шаторите, кои претходно ги поставија студенти што протестираат против блокадите во главниот град.

Собранието на Србија денеска гласа за 48 точки од дневниот ред.

Би можело да ве интересира

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград