ВИДЕО: Протести во Црна Гора, се бара оставка на Владата

Од:

Групата која се нарекува „Црногорска пролет“ денеска повторно огранизраше протест против владата на Здравко Кривокапиќ од која бараат оставка. Учесниците на собирот носеа црногорски и знамиња на НАТО и пееја патриотски песни.

Граѓаните кои излегоа на протестот и денеска го блокираа патот Подгорица-Никшиќ поради што дел од нив добија и прекршочни пријави.

Демонстрантите најавија дека ако не им бидат исполнети барањата ќе ги радикализираат протестите.

Протестите се поради намерата на Владата да ги измени критериумите за добивање црногорско државјансто со што како што тврдат власта сака да им овозможи државјанста на околу 62 илјади странци пред се Срби и Руси по што според Уставот тие би биле внесени во избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ