Припадници на воглавно десничарски организации се собраа вечерва пред српскиот Парламент и покрај сериозната епидемиолошка ситуација во главниот град и мерките за забрана на организирани собири на повеќе од десет лица на отворен простор.
Протестот, на кој за разлика од изминатите денови, доминира националистичка иконографија и транспаренти на кои пишува „Косово е Србија“, „Нема поделба, нема предавство“ и „Крим е Русија“, започнаа мирно, се додека група демонстранти не ја нападна полицијата со тврди предмети. По ова, специјалците реагираа со шок-бомби и солзавец. Претходно, се случи инцидент, во кој на едно лице му е нанесена повреда со нож, а потоа се уапсени три лица.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој се наоѓа во Париз на средби со европските и косовските челници, најави дека ќе ѝ се обрати на јавноста подоцна вечерва по повод ситуацијата.
Četvrti dan protesta u Beogradu
Četvrti dan protesta u Beogradu
Posted by Telegraf on Петок, 10 јули 2020
На собирот беше присутен и членот на партијата Двери, Срѓан Ного кој беше приведен уште на самиот почеток на протестите. Голем број полицајци се распоредени околу Парламентот и на блиските улици во полна готовност, но протестите вечерва се далеку помалку насилни отколку во минатите денови. Деконстрантите побараа од српското водство да поднесе веднаш оставка и да бидат прекинати преговорите со Косово во Брисел, како би ја вратиле „окупираната српска територија“.
Антивладини протести имаше и во Нови Сад со почеток oд 18 часот, каде неколку стотици демонстранти тргнаа да го блокираат автопатот Нови Сад-Белград, но полицијата интервенираше и ги спречи, по што групата се врати на плоштадот Слобода.
https://www.facebook.com/watch/live/?v=742939293149218