(ВИДЕО) Протест во Белград: 19 минути тишина за 19 жртви

Од:

Ден откако во Србија се одржа вториот генерален штрајк, протестните маршеви продолжуваат во голем број градови. Луѓе од Белград, Нови Сад, Ниш и други места излегуваат на улиците, додека студентите од Суботица пешачат кон Белград, каде што се очекува да пристигнат на 15 март на голем митинг.

На Студентскиот плоштад во Белград се одржува маршот за 8 Март насловен „Жените во првите редови“. На плоштадот се собраа неколку стотици луѓе.

Најавен е 18-минутен молк за жртвите на настрешницата од Нови Сад и три жртви на фемицид, но непосредно пред тоа организаторот преку разглас објави дека штотуку слушнале за уште една жртва на фемицид, па наместо 18 ќе има 19 минути молчење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Спречени ликвидации во Белград: Снајпер, ракети и експлозив најдени кај припадници на Кавачкиот клан

Шестмина повредени во инцидент во Белград, малолетник се бори за живот

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ