Во Хрватска од денеска почна примената на правилот за обврзни ковид-потврди за одење на работа во здравството. Поради ова пред Универзитетската болница во Згреб се собраат на протест дел од вработените кои не се вакцнирани, а кои не сакаат ниту да се тестираат.
Демонстрантите беа медицински сестри и техничари. На собирот немаше лекари. На насобраните им се приклучија и лица кои не се вработени во здравствениот сситем, како сопственик на теретана и едно свештено лице кое тврди дека пандемијата е измислена.
Пред болницата требаше да се обрати министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, но демонстрантите не му дозволија да зборува и тој заедно со диркеторот се повлекоа внатре во болницата.
Протестот заврши, а незадолоните здравствени работници најавија дека ќе протестираат и утре.