ВИДЕО: Продолжуваат тензиите на косовските премини, Србите и натаму на протести

Од:

На административните премини меѓу Србија и Косово Јариње, Брњак и Мердаре ситуацијата и натаму е напната. Специјалните единици на косовската полиција и натаму се на северот на покраината.

Србите продолжуваат да протестираат. Утрово бројот на демонстранти е поголем во однос на ноќта. Ситуацијата ја следи и КФОР кој со хеликоптери патролира во регионот.

Србите се надеваат на компромис меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, истакнуваат дека сакаат мир, не сакаат насилство но ниту скратена слобода за движење.

Тензиите на косовско-српската граница почнаа во понеделникот. Косовските власти не отстапуваат од одлуката да не дозволуваат влез на возила кои нема да земат привремени таблички.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово