ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Од:

Во акција на српската полиција е уапсен Иван Драгниќ, ко-сопственик на македонска компанија за производство и преработка на медицински канабис, во рамки на заплената на околу пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац, објави српски „Блиц“.

Вишиот суд во Белград им одреди притвор на Драгниќ и уште две лица – Н.С. и Р.С. Српското Јавно обвинителство за организиран криминал претходно информираше дека е донесена наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Радет Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски.

Осомничените се товарат за кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги. За време на рочиштето во Јавното обвинителство за организиран криминал тие го искористиле своето законско право да не даваат изјави.

Обвинителството соопшти дека Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на организираната криминална група, е во бегство и дека е поднесен предлог за распишување потерница, вклучително и меѓународна.

Според соопштението, групата дејствувала на меѓународно ниво и во текот на јануари годинава на територијата на Северна Македонија набавила повеќе од пет тони марихуана. Според истрагата, Иван Драгниќ ја транспортирал дрогата преку граница до магацин во сопственост на семејството Спасојевиќ, од каде што Урош Младеновски ја презел за понатамошна продажба.

Од српското обвинителство наведуваат дека е индикативно што Драгниќ е ко-сопственик на компанија регистрирана во скопскиот регион за производство и преработка на медицински канабис.

Покрај наркотиците, на 29 јануари биле запленети и четири автоматски пушки, еден рачен ракетен фрлач („зоља“) и повеќе од 1,5 милиони српски динари. Проценетата вредност на запленетата дрога изнесува околу 50 милиони евра.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека станува збор за најголемата заплена на дрога во земјата досега, наведувајќи дека дрогата најверојатно пристигнала „од јужните соседи“, без дополнителни појаснувања.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on