(ВИДЕО) Пожар во куќата на масовниот убиец од Цетиње

Од:

Нема повредени во пожарот што избувнал во семејната куќа на Вук Бориловиќ во населбата Медовина во Цетиње.

Како што изјави за Радио Цетиње шефот на Службата за заштита и спасување на главниот град Цетиње, Милош Ќечановиќ, пожарот бил изгаснат со брза интервенција на пожарникарите.

– Добивме пријава од непознато лице кое пријавило дека гори куќа во Медовина и ја спушти слушалката. Со брза интервенција пожарот го изгаснавме буквално за 7-8 минути – изјави Ќеќановиќ.

Како што додава, во куќата немало никој.

– Гореше средниот кат, првичниот пожар беше на долниот кат и е изгаснат. Имаше и првичен мал пожар на горниот кат, кој со брза интервенција го изгаснавме – објасни Ќеќановиќ.

Во гаснењето на пожарот учествувале две возила и пет пожарникари. Причината за пожарот се утврдува.

Потсетуваме дека на 12 август минатата година Вук Бориловиќ во населбата Медовина уби десет лица, а рани шестмина.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски