(ВИДЕО) Пожар во Белград: Едно лице е повредено, а друго се бори за живот

Од:

Едно лице е повредено, а друго се бори за живот по пожарот што вечерва избувна во домот за стари лица во Мали Мокри Луг.

Малку по 19 часот избувнал пожар во зградата на старечки дом во Мали Мокри Луг, а неколку лица се евакуирани, потврдија од српското МВР.

Како што се наведува, пријавата дека пожарот избувнал е примена во 19:02 часот, по што на терен биле испратени екипи на противпожарната служба и полицијата. Пожарот е локализиран, а неколку лица се евакуирани од домот за стари лица.

Од Итната помош додаваат дека на местото на настанот се испратени шест екипи на итната помош. Причината и сите околности за наведениот пожар ќе ги утврдува истрагата. Едно лице го загуби животот во пожарот што вечерва избувна во зградата на домот за стари лица во Мали Мокри Луг, беше кажано пред само неколку минути во Итната помош.

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски