Две групи мигранти се судрија во Макова шума кај Суботица, а според првичните информации има повредени јавуваат српските медиуми.
Како што потврдија за Нова.рс од полициската управа во Суботица, во престрелка меѓу две групи мигранти се повредени две лица, а на местото се испратени силни полициски сили.
Никој од полицајците не бил повреден во престрелката.
По улиците околу Маковата шума во последниот час минуваат полициски и возила на брзата помош, а во околината неколкупати се слушаат истрели.
Според последните информации, ситуацијата сега е под контрола, но не се знае дали некој е уапсен бидејќи акцијата се уште е во тек.