(ВИДЕО) Последниот разговор пред трагедијата во Грција: „Зелено светло за возот на смртта“

Од:

Објавени се разговори меѓу шефот на станицата во Лариса и машиновозачот на патничкиот воз Intercity 62, кој во вторникот вечерта се судри со товарен воз во близина на тој град.

Во несреќата загинаа најмалку 47 лица, а повеќе од 80 се повредени.

Според последните информации, спасувачите од вагонот извлекле уште три тела.

Пожарникарите наведуваат дека сега е невозможно да се открие колку луѓе се заробени, но дека голем дел од нив се во тешка состојба по несреќата.

Се верува дека шефот на станицата без да знае, му дал на машиновозачот „зелено светло“ да се престрои на друг дел од пругата, на кој веќе сообраќал товарниот воз.

Машиновозачот не внимавал на црвеното светло пред него, бидејќи сигнализацијата не функционирала подолго време. Згора на тоа, според извори од железницата, шефот на станицата не бил ни свесен дека возот излегол од шините, па не можел да ја поправи грешката во следните минути.

Како течел разговорот меѓу машиновозачот и станицата

Машиновозач: „Лариса, се слушаме ли“.

Станица: Се слушаме. Со бројот 47 проаѓате низ црвениот излезен семафор до новиот влезен семафор Порос.

Машиновозачот: Васили, да одам?

Станица: Оди, оди.

Возачот: Добро, имајте убава вечер.

Станица: Среќно.

Има и снимка од разговорот помеѓу шефот на станицата и браварот што открива што се случило.

Бравар: Шефе, да го вратам?

Станица: Не, не, оди во 1564.

Бравар: Добро, ќе го оставам како што е, дијагонално.

Овој разговор открива дека работникот го прашал управникот на станицата дали треба да го сврти, за возот да се врати на првата пруга. Меѓутоа, тој добил инструкции од шефот дека локалниот воз ќе ја користи дијагоналната пруга, како што било. Меѓутоа, управникот на станицата заборавил да нареди свртување, па Intercity тргнал во спротивна насока.

Овие разговори се официјални и машиновозачот немал причина да се сомнева во наредбите на управителот на станицата, бидејќи верувал дека Лариса се слушнала со колегите на следната станица, во Неи Пори, и верувал дека пругата е слободна.

Има индиции дека во тој кобен вторник имало голем број технички проблеми, поради што некои делови од пругата биле затворени.

Шефот на станицата, откако првично тврдеше дека го „заклучил“ возот на вистинската пруга „но не го послушал системот“, ја признал својата фатална грешка и се соочува со сериозно обвинение за убиство од небрежност.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски