(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Од:

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето на нивното образование во тоа основно училиште.

Нема повредени, а на терен се пожарникари и полиција, штетата допрва ќе се утврдува информираат од училиштето.

Во палењето на факелот учествуваа сите ученици од деветто одделение“, соопшти директорката.

На местото на настанот излегле пет екипи со 15 пожарникари информираат од противпожарната служба. Од таму велат дека штетата на училиштето е голема.

Пожарот зафатил дел од покривот и површина од 40 до 50 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Во Подгорица: Тело на машко бебе најдено во корпа за отпадоци

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“