ВИДЕО: Полицијата со солзавец кон демонстрантите во Киев, неофицијално има еден загинат

Од:

По протестот во Киев изби тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати.

Претприемачите кои бараа даночни олеснувања се обидоа да влезат во зградата на Врховната Рада, демонстрантите шетаа по централните улици на градот.

Меѓу нивните барања е и усвојување на предлог-законот за поедноставен систем на користење фискални каси и други олеснувања во даночниот законик.

Потоа демонстрантите се вратија во зградата на Радата и продолжија со протестите. Иницијативна група демонстранти потоа се обиде да влезе во зградата на парламентот.

Поради тоа дошло до тепачка, а полицијата употребила солзавец и уапсила неколку учесници на собирот, меѓу кои и организаторите, кои на насобраните им се обратиле од бината.

Полицијата потоа ги оттурнала претприемачите од зградата на Радата, но судирите продолжиле.

За време на судирите, демонстрантите палеле димни бомби и факели.

Според се уште непотврдени информации, еден демонстрант загинал во судир со полицијата.

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски