(ВИДЕО) Полицајци во Тузла скокнаа во надојдена река по криминалец, двајца се исчезнати

Од:

При полициска потера по осомничен за криминални активности во центарот на Тузла, три лица – двајца полицајци и едно лице кое беше во бегство, завршија во надојдената река Јала. Еден полицаец е спасен, додека потрагата по вториот полицаец и бегалецот се уште трае.

Инцидентот се случил во четвртокот околу 10.30 часот, кога припадници на полициската управа на кантонот Тузла се обиделе да запрат возило кое со своето однесување го загрозувало сообраќајот. Според официјалните информации, возачот не ги послушал полициските наредби и настанала потера.

Недалеку од основното училиште Нови Град, едно лице излегло од возилото и се обидело да побегне преку коритото на реката Јала. Полицајците гоа следеле во реката за да го спасат, но силната струја ги однела. Со помош на граѓани едниот полицаец е спасен, додека другиот заедно со бегалецот водата го однела.

Би можело да ве интересира

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Криминална банда се занимавала со проституција и продажба на дрога, обвинет е и полицаец

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Вработени во МВР им продавале тајни податоци на криминалци

Приведени криминалци во Скопје барани со потерници за извршени кражби

Горан Наумовски