ВИДЕО: Полицаец тепа патник без билет во автобус

Од:

На Јутјуб се појави снимка на која се гледа како комуналната полиција во Белград тепа патник кој одбил да се симне од автобус. Жртва е црногорски студент кој тргнал на испит и кој одбил да излезе од автобусот бидејќи немал карта.

„Влегов во автобус и ја видов контролата која е секој ден тука. Се расправаа со него бидејќи не сакаше да го напушти автобусот. Брзаше на испит, па им понуди да ја земат неговата лична картаљ, но тие му рекоа дека не можат да го казнат зашто е странски државјанин и повикаа комунална полиција. Комуналците дојдоа како да се специјална антитерористичка единица и почнаа да го тепаат“, раскажа една патничка.

Според неа, тие се обиделе насилно да го исфрлат од автобусот, иако патникот на ниеден начин ниту им се заканувал физички ниту пак вербално. Единствено дал пасивен отпор, како што се гледа и на снимката.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски