(ВИДЕО) Почна протестот пред РТС: Студенти пред јавниот сервис порачаа „Не е убаво да се лаже“

Од:

Започна протестот пред РТС кој вечерва го повикаа студентите во блокада, за на 3. Дневник да кажат дека „не е убаво да се лаже“. Собирот пред јавниот сервис започна пред 22 часот, каде на платото пред РТС се собраа студенти и граѓани, правејќи врева и извикувајќи „Пумпај“.

Студентите на терасата на јавниот сервис развиорија транспаренти „Машинистите против машинерија“, „Политехниката е под блокада“, „Студентски радио бран“.

„Денеска на РТС во Дневник 2 беше кажано дека БАПУС ја напушти блокадата, тоа не е одлука на нашиот пленум, ги демантираме ваквите изјави и бараме сите да се соберат што поголем број пред РТС (Таковска)“, порачаа студентите на блокадата во својот повик за протест.

Би можело да ве интересира

Синдикатите на РТС бараат оставка од уредникот на Информативната програма

„Србија потсетува на Унгарија, но и на Украина“: Си-Ен-Ен ги анализира адутите на студентското движење што доведоа до падот на Вучиќ

Директорката на РТС, Мања Грчиќ, одби да поднесе оставка

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

„Вучиќ, излези и погледни нè во очи“: Новинарите протестираа пред Претседателството на Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Директорот на српската полиција вели: Некој сака јавноста да не види што е пронајдено во Ректоратот