(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени

Од:

Посетителите на еден клуб во Бач синоќа доживеале шок кога врз нив се урнал дел од гипсениот плафон. Три лица побарале лекарска помош поради повреди. Иако дошло до несреќа, дискотеката не престанала да работи. На објавеното видео се гледа како и покрај инцидентот гостите на клубот остануваат во зградата, додека младите го отстрануваат оштетениот дел од таванот.

Полицијата брзо реагирала на инцидентот и веднаш по полноќ пристигнала на местото на настанот. Во тек е истрага за утврдување на причините за уривањето на таванот и одговорноста за овој настан.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор