(ВИДЕО) Обвиненија против родителите на момчето убиец: Се бараат казни од 12 и од две и пол години

Од:

Покренато е обвинение портив родителите на Коста Кецмановиќ, момчето кое изврши масакр во белградското училиште „Владимир Рибникар“. Пред јавноста се обрати главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ.

Обвинителството бара 12 години затвор за Владимир Кечмановиќ.

„Во истрагата е утврдено дека пријавениот чувал необезбедено оружје. На тој начин пријавениот му овозможил на детето да поседува два пиштоли со кои претходно го обучувал да пука во стрелачкиот клуб, рече обвинителот.

Пријава е поднесена и против мајката на момчето. За неа се предлага казна затвор од две и пол години.

„Против неа се води постапка за недозволено носење и поседување оружје. Нејзината ДНК е пронајдена на чаура во кабинетот по историја – изјави главниот обвинител.

Обвинет е претседателот на Стрелачкиот клуб Партизан.

„Даде лажен исказ, тврдејќи дека не го видел момчето како пука, туку дека еднаш го видел на камера и му наредил да излезе надвор. А таквата изјава е спротивна на информациите добиени во истрагата“, рече Стефановиќ.

Пријавен е и Немања М. од стрелачкиот клуб. За работниците во стрелиштето се предлагаат 3 години.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски