ВИДЕО: Објавена снимка од воздух од уништената Јабланица, голема потрага по исчезнатите

Од:

Утрово спасувачите ја почнаа потрагата по исчезнатите во селото Доња Јабланица во северниот дел на Херцеговина, кое беше затрупано од огромни наноси од камења, песок и кал во катастрофалните поплави што вчера ја погодија Босна и Херцеговина. Припадниците на цивилната заштита, пожарникарите, планинската спасувачка служба и другите служби се обидуваат да стигнат до куќите за кои се стравува дека го кријат најголемиот број исчезнати во поплавите и одроните што ги погодија општините Јабланица и Коњиќ и неколку други централни босански општините во петок навечер.

Се пребарува и Неретва, бидејќи имало информации дека најмалку еден човек бил однесен од порои кон таа река. Градоначалникот на Јабланица Дамир Шабановиќ вели дека се распоредени голем број спасувачи и градежни машини. Вложуваме максимални напори да им помогнеме на сите, да спасиме луѓе и објекти“, рече тој.

Според последните податоци, пронајдени се 16 тела на жртвите, додека медиумите јавуваат и за 17. пронајдени на подрачјето на Јабланица, кои биле жртви на поплави и одрони од карпи. Официјално, 12 лица се пријавени за исчезнати во Доња Јабланица, додека медиумите јавуваат дека има десетици случаи. Едно лице загина во Бутуровиќ Поље во општина Коњиќ, а се трага по уште четири лица. Тројца удавени лица се пронајдени во Фојница во централна Босна.

Сообраќајот на главниот автопат кон Мостар се уште е во прекин, бидејќи дел од патот се урна во реката Неретва. Во оваа општина и соседниот Коњиќ има голем број населени места кои се уште се отсечени од светот. Материјалната штета е огромна, а помош за Босна и Херцеговина најавија Европската Унија и соседните држави како Хрватска, Србија, Македонија.

Би можело да ве интересира

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“