ВИДЕО: Објавена и снимка од Македонецот што ја „удира“ фоката

Од:

„Македонскиот државјанин што ја удира средоземната фока на плажата во Пула“ стана вистинска атракција во хрватските медиуми, но во негативен контекст.

На снимката се гледа како и се доближува на средоземната фока која лежи на песокот и ја допира иако неколкумина го предупредуваат да не ја допира и да ја остави. Очигледно македонскиот државјанин не го прочитал предупредувањето кое стои на сите плажи-да не се вознемируваат фоките на никаков начин, иако не ја удира како што беше претставено во хрватските медиуми туку само ја допира.

Од непозната причина Македонецот, средоземната фока ја удри неколкупати со раката по грбот, кажаа очевидците и полицијата. Полицијата излезе на терен и утврди дека мажот незаконски престојува во Хрватска., пренесуваат хрватските медиуми.

Македонскиотдржавјанин поради овој потег плати 1500 куни, и беше протеран од Храватска со забрана за влез од 5 години.

Средоземната фока е заштитен вид и на плажите и има предупредувања дека никој не смее да и се доближува, да не ја допира и да фрла со камења кон неа.

Видео тука: Dnevnik.hr

 

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби