Бугарскиот државен обвинител Иван Гечев денеска остана неповреден по експлозијата на бомба. Експлозивната направа беше поставена покрај пат по кој минуваше конвојот автомобили , a во кој се наоѓаше и обвинителот со семејството, соопштија бугарските власти кои настанот го означија како „убиство во обид“.
Иван Гечев „беше цел на обид за атентат, тоа не беше само заплашување“, изјави за новинарите неговиот заменик Борислав Сарафов.
Властите соопштија дека конвојот на државниот обвинител бил на пат за Софија кога околу 11.30 часот по локално време експлодирала бомбата покрај патот.
– Бомбата не само што била наполнета со ТНТ (околу три килограми), туку имала и шрапнели. Тоа беше напад подготвен од професионалци и очигледно беше многу добро изведен – рече Сарафов.
Според него, Гечев и неговото семејство се неповредени.
Обвинителството отвори истрага.
Контроверзна личност со години, Гечев, чиј мандат трае до 2026 година, е критикуван за заштита на одредени личности од власта и попречување на откривањето на корупциски скандали.