25-годишниот Даријан Мушиќ, осомничен за убиството на својата девојка, 25-годишната Владислава Червенко, денеска во 11 часот беше изнесен пред истражниот судија Мирослав Алимпиќ.
Иако во полицијата тој го призна убиството и до детали го опиша злосторството, Мушиќ не ја изнесе одбраната пред судот.
Во судот беше донесен со врзани раце, во придружба на шест стражари.
Сослушувањето траепе 40 минути, а адвокатот рече дека обвинетиот не ја изнел одбраната.
„Мојот клиент не е во психичка состојба за да ја изнесе својата одбрана. Јас ќе го застапувам и понатаму“, изјави адвокатот Ѓуричиќ.