ВИДЕО: Ноќните волци на Путин парадираа низ Бања Лука

Од:

Членови на мото клубот „Ноќни волци“, лојални на Кремљ, денеска продефилираа низ улиците на Бања Лука. Тие учествуваа на видовденското возење организирано од огранокот на Република Српска (РС) на овој мото клуб.

Денеска во Бања Лука дел од нивните членови носеа маици со буквата „Z“, симбол на руската инвазија на Украина и напишана порака „Каде сме ние, таму е Русија“. Претседателот на клупскиот огранок за РС рече дека учесниците на возењето се од Швајцарија, Чешка, Словачка, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Австралија и други земји.

„Имаа проблеми кога пристигнаа во Босна и Херцеговина, но никој не беше вратен од граница. Тие не се криминалци, никој нема криминално досие и не ни е јасно зошто не малтретираат“, истакнаа од групата. Инаку, во 2018 година институциите во БиХ му забранија влез во земјата на Александар Залдастанов, лидерот на Ноќните волци.

Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина го означи како закана за националната безбедност. Залдастанов, кој се опишува себеси како „пријател“ на рускиот претседател Владимир Путин, е под санкции од Западот поради неговата поддршка за руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината офанзива во Украина.

Инаку, претставникот на Народното собрание на Република Српска од Народната партија на Српска (НПС) Дарко Бањац во Москва на Залдастанов му врачи орден на честа златни синџири.

„Голема чест ми е да му ја врачам наградата на Залдастанов во име на претседателот на Република Српска Милорад Додик. Чинот на врачување на орденот не направи среќни и горди бидејќи наградата, како и правдата, секогаш доаѓа до рацете на тој што тоа го заслужува. Врските и пријателството на српскиот и рускиот народ е невозможно да се игнорираат или прекинат“, изјави Бањац во таа прилика за агенцијата Срна.

Членовите на Ноќните волци во Бања Лука ги носеа знамињата на нивниот мото клуб, како и знамињата на Русија и на Република Српска. Потоа положија венец на споменикот на дванаесетте бебиња од Бања Лука, како и на споменикот на рускиот цар Николај во Бања Лука. Огранокот на Ноќните волци во РС редовно учествува на одбележувањето на Денот на РС, а во март минатата година се појавија на митинг за поддршка на руската инвазија на Украина.

Би можело да ве интересира

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници