Во населбата Залик во Мостар, синоќа околу 20 часот се случил обид за грабеж на продавница. Храбра продавачка успеала да го спречи напаѓачот кој бил вооружен со автоматска пушка.
Sigurnosna kamera zabilježila je trenutak kada je prodavačica u Mostaru spriječila oružanu pljačku⤵️ pic.twitter.com/Mybt6oR5ah
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) March 25, 2026
Снимките од надзорните камери покажуваат како маж во црна јакна влегува во продавницата, а потоа вади автоматска пушка од јакната.
Продавачката му се спротивставила и застанала пред него, по што следело туркање и борба за оружјето. Откако паднале на подот, разбојникот ја удрил неколку пати во главата, но таа не се откажала.
За време на конфликтот, се слушнал и рафален пукот, но според достапните информации, никој не е повреден, пишува Klix.ba.
Полицајци од Полициската управа во Мостар пристигнале на местото на настанот, спровеле истрага на лице место и преземаат мерки за утврдување на идентитетот на сторителот.
