Безбедносните камери поставени во турскиот град Корум снимиле неочекувана глетка. Мост прекриен со снег наменет за пешаци, од преголемиот терет се руши додека луѓе чекорат по него.
За среќа во несреќата никој потешко не настрадал, додека само еден студент е полесно повреден.
Градските власти изјавиле дека за сега не е познато од кои причини се срушил мостот, но дека работат на случајот.