Српскиот министер за вонредни ситуации Велимир Илиќ минатата недела при посетата на Костајник падна во кал.
Со намера да го разгледа рудникот Столице, прв тргнал по патот кон долната брана, која пукнала уште пролетта, и по неколку чекори се нашол во голема неволја.
Отпрвин се обидел сам да се извлече, а потоа почнал да тоне се повеќе. Во тие драматични моменти му помогнало обезбедувањето и жителите, па успешно го извлекле. Чизмите на министерот останаа во калта, а за малку ќе се одеше и бос, без чорапи.
На снимката се гледа како еден од работниците упорно му го турка задникот на министерот кој решил одлучно да се справи со јаловината.