Со минута молк за загинатите осум деца и чувар во Основното училиште во Врачар започна најтажната пресконференција во историјата на Владата на Србија.
На конференцијата зборуваа министрите за Образование, Здравство и Полицијата.
Момчето кое го изврши масакрот во училиштето повикало полиција во 8 часот и 42 минути и кажал дека ги убил учениците од своето училиште – откри Веселин Милиќ, началник на полициската управа за Град Белград.
Тој го идентификуваше напаѓачот како Коста Кецмановиќ и додаде дека злосторството го планирал еден месец.
Едно девојче, кое се здобило со прострелна рана во главата, е критично – изјави министерката д-р Даница Грујиќиќ. Таа едвај зборува со растреперен глас на прес-конференцијата.