(ВИДЕО) Мечка дојде во училиштен двор во Сараево

Од:

Повторно е видена мечка во населбата Фалетиќи во Сараево. Овој пат дојде во дворот на основното училиште Врхбосна во Сараево.

Директорката Ерзумана Фукељ Шариќ изјави дека животното утрово дошло во училиштето.

– Помина низ овоштарникот кој се наоѓа во училишниот двор, па веднаш реагиравме – изјави Фукељ Шариќ.

Директорката на училиштето додава дека биле повикани ловџии од интервентната екипа на сараевското Ловечко друштво кои ја пренасочиле мечката кон ридско и шумско подрачје.

„Тоа веројатно е истата мечка што беше видена на Вратник“, рече таа.

Фукељ Сариќ посочува дека ситуацијата во моментов е безбедна, но превентивно побарале од родителите на учениците да ги земат децата после часовите за да не си одат сами дома.

Би можело да ве интересира

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Дете падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево, почина во болница

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Сараево – најдепресивен град на Балканот

А1он

Левица: Поднесовме кривична против Сашо Дранго, Мицкоски не го разреши

Горан Наумовски