ВИДЕО: Маж крвнички претепа две жени во Сплит

Од:

Полицијата во Сплит го уапси мажот кој брутално претепа две жени. По него се трагаше од утрово кога се случија нападите.

Првиот напад бил над 52-годишната Невенка Маргета чиј сопруг објави снимка од надзорна камера нудејќи 1000 куни награда за идентитетот на напаѓачот. Нешто подоцна полицијата соопшти дека е откриен идентитетот на човекот.

Нападот се случил нешто по 7 часот утрово кога жената отворала угостителски објект.

„Прво и побара чаша вода, потоа ја удри со шише и кога таа падна, ја удираше со раце и со нозе“ – сведочи сопругот.

И двете снимки кои се појавија сведочат за бруталноста на нападите.

Од полицијата засега нема детали за апсењето, но хрватските медиуми пишуваат дека се обидел да бега, а од најголема помош биле полициските кучиња трагачи.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени

Новоросијск прогласи вонредна состојба по нападот врз Украина, бројот на жртви се зголеми

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

26 загинати, 17 повредени во напад врз туристи во Кашмир