ВИДЕО: Масовен протест на грчките студенти, инцидент на крајот

Од:

Карантинот и рестриктивните мерки не ги спречија грчките студенти и денеска, масовно, и покрај пандемијата, да излезат на протест во Атина.

Со слогани против новиот закон за образование на Владата, студентите демонстрираа низ централните улици во Атина кон грчкиот Парламент.

Дел од студентите велат дека нема да се откажат од нивните барања и доколку е потребно ќе продолжат со нивните активности.

Протестот заврши со мал, изолиран инцидент, кога група од 20-на лица пред грчкиот Парламент фрлија предмети по полицијата, која одговори со шок бомби и мало количество солзавец.

Инцидентот траеше многу кусо, по што протестот заврши. Паралелно, дел од демонстрантите фрлија црвена боја врз зградата на Банката на Грција. Карантинот и рестриктивните мерки не ги спречија грчките студенти и денеска, масовно, и покрај пандемијата, да излезат и да го изразат нивното незадоволство од новиот предлог закон на Министерството за образование.

Со слогани против новиот закон протестираа по централните улици во Атина, сѐ до грчкиот Парламент. Дел од студентите велат дека нема да се откажат од нивните барања и доколку е потребно ќе продолжат со нивните активности.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит