(ВИДЕО) Маскирани членови на „Златна зора“ упаднаа за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски

Од:

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објавено видео на т.н „Фронт на подмладокот – Златна зора“ се тврди дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“ и се додава дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, па затоа морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките власти дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.

На влезот од галеријата залепиле плакати кои, како што велат, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“.

– Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, го оспоруваат грчкиот карактер на нашата земја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот.

Златна зора како политичка партија во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а со судска пресуда од 2020 година е прогласена за криминална организација и нејзиното раководство, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна.

Изложбата „Неизложени дела на хартија“ на ликовниот уметник Сергеј Андреевски беше свечено отворена во петокот во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален.

Би можело да ве интересира

Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Во САД реакции за упадот на изложбата на македонски уметник во Солун

Ана Ололовска

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски

Ана Ололовска

СИРИЗА Солун го осуди инцидентот на изложбата на Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите

Горан Наумовски

Скерцос: Никаква толеранција за паравоени нацистички групи, за беззакокине и за заплашување на граѓаните